„Ваквиот пораз мора да боли!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва по дебаклот од Барселона во кој неговата екипа изгуби со 1:6 кажа дека таквиот пораз мора да боли.

„Како капитен на тимот многу сум горд на своите играчи, но за жал мора да признаам дека ништо не ни одеше. Не успеавме да постигнеме голови како што се договоривме во соблекувалната, а Барселона ги искористи своите. Тоа мора да боли, особено при нашата предност од 4:0.“

„Меѓутоа, карактеристиката на големите играчи е да се враќаат уште посилни од тешки ситуации. Јас не се сомневам во своите играчи. Единствено ми е жал за нашите навивачи, кои преминаа голем пат за да не поддржат.“