„Сите сме нервозни. Сеуште немам разговарано со играчите!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи вели дека сите во клубот тешко ја прифаќаат елиминацијата од Барселона во 1/8-финалето во ЛШ.

По победата од 4:0 во Париз, Барселона го декласираше тимот со 6:1 на свој терен, а три голови постигнаа по 88-та минута.

„Иако требаше да добиеме два пенали, не бараме изговори. Во првото полувреме не игравме. По победата од 4:0 во првиот натпревар, тешко е да се прифати пораз од 6:1, но немаме избор.“

„По првиот натпревар ¼-финалето беше скоро сигурна цел, но знаеме дека таквите работи во фудбалот не значат ништо. Дадовме се од себе, но не успеавме, одиме понатаму.“

„Сеуште не сум разговарал со играчите, не е вистинско време за тоа. Сите се нервозни, а тоа е нормално. Прво треба да се смириме.“