Казнс казнет затоа што не може да молчи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата ѕвезда на Њу Орлеанс, ДеМаркус Казнс е казнет од страна на НБА лигата.

Тој во средината на февруари беше трејдуван во Њу Орлеанс, па по 6 години го напушти Сакраменто.

Тој му се приклучи на Ентони Дејвис, па тие сега имаат страшни 2 играчи.

Американскиот центар во неделата и понеделникот на натпреварот против Лејкерс и Јута поради „непримерни зборови испратени кон публиката“ беше казнет со 50.000 долари.

Казнс е играч кој сака да приговара, а овој пат се караше со навивачите на трибините и беше јасно дека ќе биде казнет.

Оваа сезона тој има просек од 28 поени и 11 скокови.