Олимпијакос сигурен против Дарушафак – Црвено-белите се посрамотија во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари во Евролигата.

Првиот натпревар се играше помеѓу Олимпијакос и Дарушафак.

Тимот на Олимпијакос одлично го отвори натпреварот и по првата ¼-на имаше предност од 25:18, а до крајот на полувремето одиграа сигурно и заминаа со водство од 48:33.

Вториот дел подобро започна за тимот од Турција кој успеа да ја намали негативата, откако ја доби третата ¼-на со 25:21, а до крајот на натпреварот Олимпијакос одигра сигурно и стигна до победата со 81:73.

Последниот натпревар на денешната програма се играше помеѓу Реал Мадрид и Црвена Звезда.

Тимот на Реал неверојатно го отворија натпреварот и по првата ¼-на имаа предност од 38:24, а како течеше понатаму натпреварот имаше се помала ефикасност, па на полувремето тимот од Мадрид замина со предност од 63:44.


Вториот дел повторно беше одличен за Реал кој продолжи да ја зголемува предноста, најпрво во третата ¼-на ја доби со 17:13, а потоа до крајот на натпреварот успеа Реал да победи со 98:68.