„Шарапова ја плати цената“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Рожер Федерер по победата против Робер со 6:2 и 6:1 даде изјава за Шарапова.

Русинката беше суспендирана на 15 месеци поради користење на недозволени средства, па на терените би требало да се врати на 26-ти април.

„Тоа е тешко прашање. Секогаш ќе најдете некој на кој ќе му се допаѓата, а на некого нема. Таа ја плати цената за тоа што го направи и тоа е единствено нешто што ќе кажам. Некои играчи се против тоа што та добива вајлд-карти додека има и такви кои веруваат дека си ја плати цената.“

„Сега се е готово. Треба да се затвори случајот. За тоа кој ќе добие вајлд-карта одлучува директорот на турнирот. Тоа е добра тема за дебатирање, но и незгодна. Сигурен сум дека таа е среќна што повторно ќе игра.“