„Имаше малку нестабилности во играта“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ откако се пласираше во 3-то коло во Индијан Велс призна дека имало малку нестабилности во играта, но дека е задоволен со играта против Едмунд.

Тој го победи Едмунд со 2:0, по сетови 6:4 и 7:5.

„Мислам дека одиграв добро во првиот сет додека во вториот очигледно имаше многу падови. Секоја чест и на Едмунд за одличната игра.“

„Немаше многу лоши работи кои ги направив, промашив неколку удари, но освен тоа, ова беше добар натпревар. Добар, квалитетен тенис и добар тест.“

Тој ќе игра против Дел Потро во натредното коло.

„Ова дефинитивно не е здреб каков што сакате на почетокот на турнирот. Игравме неодамна во Акапулко и беше многу неизвесен натпревар. Се беше решено во последните неколку поени. Не очекувам ништо помалку ниту сега.“