Дарушафака ја отпиша Барселона – Жалгирис победи против Казан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа 2 натпревари во Евролигата,

Екипата на Дејвид Блат стигна до победа против Барселона во 26-то коло од Евролигата и победи пред свој терен со 67:56.

Важен период од играта беше втората ¼-на која Турците ја добија со неверојатни 32:9.

Барселона беше подобар ривал во останатите три ¼-ни, но негативата од 21 поен на полувремето едноставно беше премногу за пресврт во продолжение.

Во другиот натпревар беше видена голема борба и по неколку пресврти во Русија, а на крајот успеа до победа да стигне тимот на Жалгирис со 82:80.