„Целите се високи, ова е само почеток!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристина Младеновиќ може да биде презадоволна со учеството на турнирот во Индијан Велс, каде што стигна до ½-финале.

Во борба за финале беше поразена од Веснина, но овој резултат ќе и овозможи влез во топ 20.

„Мислам дека ова е само почеток. Моите цели се високи. Можеби ќе освојам и од големите трофеи.“

„Морам да работам понатаму, да напредувам. Таков менталитет имаат сите врвни тенисерки. Направив одлични резултати во претходните недели, но сакам да се сконцентрирам за понатаму.“

„Не смеете да го изгубите својот фокус и рутина.“

Младеновиќ оваа година ја освои првата ВТА титула на турнирот во Санкт Петерсбург и играше финале во Мексико.