Плеј-аут – Пелистер после продолжение го победи Вардар и се чекор поблиску до опстанок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Пелистер го победија Вардар на гости во плеј-аут натпреварот, 80:85.

Голубовиќ со пет поени во низа му донесе водство на Пелистер од три поени, 4:7. Гостите постигнаа четири поени во низа за 11:16. Робев и Лефкоски го израмнија резултатот, 16:16. Четири секунди пред крајот на првата четвртина Голубовиќ погоди за два за 22:21 после десет минути игра.

На почетокот на втората четвртина Лефкоски, Србиновски и Калов зголемија на плус осум за Вардар, 29:21. Пелистер преку расположениот Фил и Андрејевиќ го презеде водството, 29:30. Анакиевски и Андрејевиќ погодија за плус шест, 32:38. До крајот на првото полувреме Салев погоди за два за 34:38.

Андрејевиќ постигна седум поени, а Давков два во низа за двоцифрено водство на Пелистер, 36:47. Вардар преку Србиновски и Салев намали на седум негатива, 40:47. Митков и Робев пред крајот на првата четвртина постигнаа четири поени во низа и влегување со четири негатива во последните десет минути од натпреварот, 47:51.

Митков погоди две слободни фрлања, а Робев двојка за израмнување на резултатот, 51:51. Две минути пред крајот на натпреварот Пелистер имаше водство од два поени, 60:62. Робев погоди тројка, а Србиновски две слободни фрлања за водство на Вардар, 65:62. Фил седум секунди пред крајот на натпреварот намали на еден негатива, 65:64. Робев погоди едно слободно фрлање, а Давков двојка за продолжение, 66:66.

Вардарци со поените на Митков и Србиновски стигнаа до плус четири во продолжението, 74:70. Фил и Давков погодија за водство на Пелистер, 74:75. Тројката на Давков и двете погодени слободни фрлања на Фил му донесоа водство на Пелистер, 76:80. Една минута пред крајот на натпреварот Лефкоски и Србиновски го израмнија резултатот, 80:80. Пелистер до крајот беше поуспешен и победи на овој натпревар, 80:85.

Фил со 23 поени го предводеше Пелистер. Андрејевиќ додаде 17, Давков и Голубовиќ по 14, а Анакиевски 10 поени. Кај Вардар најефикасни беа Робев и Србиновски со по 17 поени. Лефкоски постигна 14, Митков 13, а Салев 10 поени.