Јотовски и Грабул загубија – Македонија ќе остане во третата зона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските тенисери Томислав Јотовски и Димитар Грабул загубија во двојки од Алекс Кнаф и Уго Настаси во натпревар од Дејвис купот со 1:2 во сетови.

Само еден брејк му беше доволен на тенисерите од Луксембург за добивање на првиот сет, 5:7. Јотовски и Грабул во вториот сет заиграа подобри и го добија, 6:4. Катастрофа во вториот сет за македонските тенисери кои загубија со 2:6.

Луксембург ја победи Македонија со 1:2, а исто така ќе оди и понатаму. Македонија ќе остане да се натпреварува во третата зона во Дејвис купот.