Серијата на Голден Стејт заврши – Јута им го „подари“ 15-от пораз!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Јута успеа да ги порази Голден Стејт, за кои тоа беше 15-от проаз во сезоната. Тие не успеаа во последната ¼-на да ја стигнат разликата и изгубија со 105:99.

Кај гостите најдобар беше Хил со 20 поени, Џонсон постигна 19 и Гоберт имаше 17 поени и 18 скокови.

Во поразениот тим Дурант одигра 32 минути и постигна 16 поени, 10 скокови и 6 асистенции.

Најдобар во натпреварот беше Кари со 28 поени, кој одлично шутираше тројки, поточно погоди 6 од 8 обиди.