Стигнуваат уште добри вести за Милан – Монтоливо конечно се враќа на теренот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо се враќа на теренот.

Тој се повреди на почетокот на октомври во квалификациониот натпревар на Италија против Шпанија. Од игра излезе во 30-та минута, а имаше повреда на лигаментите на коленото.

Овој 32-годишен фудбалер на Милан одигра 67 минути во победата на резервниот тим на Милан со 6:1 против Виченца и наскоро би требало да се врати и на тренинзите на првиот тим.

Да потсетиме, тој пред повредата одигра само 7 натпревари во Серија А.