„Ќе се вратиме во врвот со мали чекори!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот претседател на Милан, Јонгхонг Ли сакаше да предупреди дека клубот ќе прави само мали чекори кон враќање на самиот врв во европскиот фудбал.

По долги преговори, конечно Милан доби нов сопственик и Кинезите сега сметаат дека Милан мора да се врати во ЛШ.

„Поминаа скоро 2 години пред да постигнеме договор. Имаше многу тешки периоди, но сакавме да го комплетираме договорот затоа што многу Кинези од мојата генерација го сакаат Милан.“

„Дали Берлускони ми даде некој совет? Тој е личност кој е многу почитуван, го водеше Милан и победуваше со него, а притоа им даде радост на голем број навивачи ширум светот.“

„Враќањето во ЛШ е една од нашите цели. Потоа, сакаме да бидеме помеѓу најдобрите 5 тимови во светот, но за да го постигнеме тоа, мора да правиме мали чекори.“