Французинот напредуваше на вечната листа – Паркер го премина Брд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони Паркер го премина Лари Брд на вечната листа на најдобри стрелци во доигрувањето.

Тој во победата на Сан Антонио постигна 18 поени и така стигна до 9-то место на вечната листа. Моментално има 3.093 поени во плеј-оф натпреварите.

„Ми се појавија шанси, па бев агресивен. Влегов во ритам, го притиснав Кунли, а тоа ме придвижи и во нападот.“

Прв на листата е Џордан со 5.987 поени, а следуваат Абдул-Џабар, Брајант, Џејмс и Шекил.