„Не се согласувам со Анчелоти, не зборувам за судењето“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан го негираше тврдењето на Карло Анчелоти дека тренерот на Реал се сложи со него по прашањето за судењето во дуелот меѓу Реал Мадрид и Баерн.

Анчелоти после натпреварот заклучи дека видео технологија навистина е потребна, после што Кашаи на Видал му додели незаслужено црвен картон, но Зидан, на другата страна, одби да ги искоментира одлуките на унгарскиот судија.

„Беше теко. Игравме против најдобрата екипа со која досега се сретнавме“, рече Зидан после натпреварот.

„Судија? Разговарав со Анчелоти, и тоа е тоа. Јас никогаш не дискутирам за судијата. Се е можно. Разгоравме за други работи“, додаде тренерот на Реал.

Освен за судењето Зидан после пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите зборуваше и за Кристијано Роналдо.

„Свирежите до Роналдо? Покажа дека секогаш е тука во клучните моменти. Тој прави разлика“.

„Тој е секогаш таму каде што треба да биде. Посебен е, и среќни сме поради него, поради екипата и навивачите кои ни помогнаа на Бернабе“, изјави за крај Зинедин Зидан.