„Не гледам големи фаворити во борба за трофејот!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала не гледа фаворит во борба за трофејот во ЛШ.

„Кога го погледнавме ждребот од ¼-финале, се сложивме дека го сакаме секој тим освен Барселона. Сега ја нема неа и не гледам фаворит за освојување на трофејот. Мислам дека сите имаме исти шанси да победиме.“

Јувентус против Барселона на „Камп Ноу“ одигра 0:0, а во првиот натпревар победи со 3:0 и тоа беше доволно за пласман понатаму.

„Да не се изгуби натпревар од Барселона не е едноставна работа. Задоволни сме со нашата игра. Многу сме среќни со успехот против ваква одлична екипа.“