Луда ситуација пред ждребот, секој се плаши, само децата на Монако не се грижат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Почнаа пресметките пред извлекувањата на топчињата во Нион. Јасно е дека нема никој влијание, но веќе се јасни желбите.

Останаа 4 тимови, двата гиганти Реал и Јувентус, Атлетико кој е редовен гостин во завршницата и најголемото изненадување оваа сезона, Монако.

Во секој случај, ќе гледаме интересни ½-финалиња, каков и да биде ждребот.

Какви се желбите на тимовите?

Да тргнеме од Реал. Се знае, тие не го сакаат Јувентус, позната е традицијата, веќе 30 години ги немаат исфрлено во два натпревари во Европа. Поточно, последен пат тоа беше на пенали во 1987.

Потоа, Реал го доби финалето во Амстердам, но 4 пати беше елиминиран во нокаут фазата, а во групната фаза изгуби 2 пати од Јувентус.

Јувентус не го сака Атлетико. За тоа зборуваат, едноставно не им одговара тимот на Симеоне, иако Бонучи вели дека им е сеедно. Сепак, медиумите потсетуваат дека Атлетико е проблем за Јувентус.

Атлетико сака да го избегне Реал во ½-финале, некои анкети покажуваат дека го сакаат Монако.

Единствен без грижи е Монако, сеедно им е, имаат самодоверба и немаат што да изгубат. Го исфрлуваа Реал, а од Јувентус беа неколку пати елиминирани, последен пат пред 2 сезони, но ниту тие не се без шанси.