Баварците освоија само бод на Алијанц Арена против Мајнц (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа уште пет натпревари од 30-то коло во бундеслигата.

Баерн Минхен и Мајнц ремизираа на Алијанц Арена, 2:2.

После три минути игра Кркиќ му донесе водство на Мајнц.


Во 16-та минута од натпреварот Арјен Робен постигна погодок за израмнување на резултатот. Алаба потоа се повреди и мораше да го напушти теренот.


Пет минути пред крајот на првото полувреме Кимих направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за гостите. Бросински го реализира пеналот, 1:2.


Тиаго Алкантара петнаесетина минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:2.


Во останатите натпревари Франкфурт го совлада Аугсбург, 3:1, Дармштадт на гости го победи Хамбургер, 1:2, Херта минимално го победи Волфсбург, 1:0, Вердер Бремен на гости славеше против Инголштадт, 2:4.

Баварците после ремито ќе останат лидери со 9 бода повеќе од второпласираниот Лајпциг кој утре му гостува на Шалке, Херта ќе се зацврсти на петата позиција, а Мајнц, Волфсбург, Аугсбург и Хамбургер ќе ја продолжат борбата за опстанок во Бундеслигата.