Младеновиќ со лесна победа против Наваро закажа полуфинале против Шарапова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристина Младеновиќ во 1/4 финалниот натпревар ја победи Карла Суарез Наваро на ВТА турнирот во Штутгарт со 2:0 во сетови.

Французинката во првиот сет направи еден брејк и тоа во осмиот гем, па на својот сервис не дозволи изненадување, 6:3. Во вториот сет Младеновиќ направи два брејка. Прво во воведниот гем, па потоа во седмиот гем, 6:2.

Во 1/2 финалето на ВТА турнирот во Штутгарт, Младеновиќ ќе игра против Шарапова.