Одличен гест – Фудбалерите на Свонси им ги плаќаат картите на своите навивачи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Свонси направи важен чекор кон опстанок, а сега им следуваат уште 2 натпревари.

Тие беа во лоша позиција, но благодарение на поразот на Хал од Сандерленд и победата против Евертон, конечно излегоа од опасната зона.

Победија против Евертон на домашен терен со 1:0.

Сега им следува гостување кај Сандерленд, кој и покрај испаѓањето во понизок ранг, му направи големи проблеми на Хал, откако ги победи.

Капитенот на Свонси, Брајтон доби одлична идеја пред гостувањето во Сандерленд и тој им предложи на соиграчите да им купат 3 илјади влезници на своите навивачи.