Судар на гигантите – Ѓоковиќ и Надал по 50-ти пат на мрежата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал по 50-ти пат ќе ги одмерат силите.

Тие двајца ќе играат во полуфиналето во Мадрид.

Ѓоковиќ кој ја брани титулата во престолнината на Шпанија оствари две победи на патот до полуфиналето. Прво го совлада Алмагро, а потоа беше подобар од Лопез. Јапонецот Нишикори му го предаде натпреварот во 1/4 финалето поради повреда на зглобот, а Новак ќе влезе како повеќе одморен во овој дуел.

Од друга страна Рафа по ред ги победи Фоњини, Кирјос и Гофан.

Последен пат Новак и Рафа играа минатата година во четвртфиналето во Рим, а тогаш победи србинот, 7:5, 7:6.

Ѓоковиќ е поуспешен во меѓусебните дуели, 26:23, но денес го очекува тежок дуел против мотивираниот шпанец.

Што се однесува на натпреварите на земја, Рафа на 20 натпревари против Новак запиша 13 победи.

Оваа сезона Ѓоковиќ запиша 16 победи и 4 порази со само една освоена титула во Доха. Рафа беше многу поактивен оваа сезона и моментално има 32 победи и 5 порази. Шпанскиот тенисер во 2017-та година освои две титули, Барселона и Монте Карло.

Дуелот помеѓу овие два гиганти е закажан во 16:00 часот.