Ќе биде Парма повторно голема – Дојдоа Кинези со 10 милиони евра, Креспо ќе одлучува за се, за 5 години ќе бидат како Аталанта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се случи промена на сопствеништвото во италијанскиот клуб.

Каде се Милан и Интер, таму ќе биде и Парма! Затоа што помеѓу нив дојдоа Кинези и донесоа пари, но за разлика од поранешниот шампион на Европа и поранешен освојуваш на Скудетото, овој пат тргнуваат од дното. Со многу помалку пари. „Деспорт“ купи 30% од клубот.

Станува збор за компанија на Лижанг, поранешен човек на Гранада, за кој се споменуваше дека сака да влезе во Кристал Палас. Парма ја избра затоа што беше најефтина, а за почеток ќе донесе 10 милиони евра во наредните 2 години. За клубот кој во 2015-та година прогласи банкрот и беше исфрлен во 5-та лига, тоа е повеќе од доволно.

Моментално Парма е третолигаш, со добри шанси низ плеј-оф да стигне во Серија А, а потоа апетитите на Лижанг би можеле да пораснат. Како поминува време, планира да купи уште 30%. Па така ако биде се како што треба, тој би откупил 90% од тимот.

Како важен човек за работите во Парма во блиска иднина ќе биде Креспо. Тој е човек од доверба на Лижан, а последните месеци беше вклучен во работата на оваа компананија.

Него го паметиме по голгетерскиот инстинкт додека играше за Парма, Милан, Интер…

Според информациите од Италија, Кинезите сакаат 5-годишен проект и да го направат тимот на Парма важен фактор во Серија А. Идејата е, како Аталанта, да се посветат на работа на младите категории и правење на фудбалери кои потоа за многу пари би ги продале на подобрите тимови. Во исто време би вложувале во спортскиот центар.

А исто така Кинезите планираат и откупување на стадионот кој е во сопствеништво на градот.

Тимот на Парма на крајот на 90-те години од минатиот век ги славеше освојувањето на УЕФА купот(1995 и 1999), купот на победниците на куповите(1993), Суперкупот на Европа(1993), Купот на Италија(1992, 1999, 2002) и Суперкупот на Италија во 1999 година.