„Фабио играше одлично, не ми даде шанса!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Енди Мареј ја заврши одбраната на титулата во Рим во 2-то коло.

По лошата игра во Мадрид, првиот тенисер продолжи со лошите игри во Рим. Овој пат од него подобар беше Фоњини, кој победи во 2 сетови.

„Едноставно не играм добро. Јасен е падот во мојата игра во последните неколку недели. Фабио одигра фантастично и не ми даде шанса да се вратам во натпреварот. Ударите му беа прецизни, а шанса имав само кога ќе направеше грешка.“

Мареј оваа сезона има 16 победи и 7 порази.