Таеквон-до Машинеријата клубот ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид  во полна пареа на“15 ЉУБЉАНА ОПЕН”,се врати со 30 медали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов настапи на “15 ЉУБЉАНА ОПЕН”, во Словенија, кој традиционално е еден од најсилните меѓународни теквондо ИТФ турнири за пролетната натпреварувачка сезона. На овај турнир зедоја учество околу 300 натпреварувачи од 23 клубови од 9 земји, Македонија, Словенија,Хрватска ,Србија, БиХ, Австрија, Словачка ,Чешка и Унгарија.На овај турнир учествуваа комплетните репрезентации на Словенија и Чешка каде што му даде посебна тежина на овај феноменален турнир.

Нашиот клуб настапи со 15 натпреварувачи во 3 дисциплини, форми и борби поединечно, и борби екипно,каде настапивме со три екипи, деца до14 години, девојчињеа до 14 години и јуниори до 18 години.

На овај турнир можеме да се пофалиме со повеќе работи ,со што континуирано полека од натпревар на натпревар го подобруваме нашиот квалитет.

Овај турнир ќе го запаметиме по повеќе работи

– ќе го паметиме по тоа што освоивме  30 медали, досега рекорд на освоени медали на еден турнир, 3 златни, 11 сребрени и 16 бронзени.

-ќе го паметиме по тоа што повторно сите натпреварувачи се закитија со медал, а некои по 2 а некои и по 3 медали

-ќе го паметиме по тоа што прв пат настапуваме со девојчиња до 14 години, и кои успеаја да се закитат со сребро

-Ќе го паметиме по тоа што екипата  деца до 14 години, не се закити со злато поради пристарасноста на судиите за домашаната екипа.

-ќе го паметиме по тоа  што јуниорската екипа стигна до полуфинале и  во полуфинале загуби од Чешката репрезентација , иако нашите натпреварувачи се по 14 – 15, години додека нивните 17 години, и сите си црни појаси, ќе паметиме за извонредниот настап на ЈАНЕ ДИМОВ, кој излезе прв и го победи атрактивно претставникот  од Чешка.

-ќе го паметиме по атрактивните борби на нашите натпреварувачи, кој покрај стандардните натпреварувачи овај пат посебно се истакнаа ФИЛИП ТРИФУНОСКИ, на кој лично му честита претседателот на Словенската ИТФ Федерација за наговата атрактвиност, покрај него исто атрактивно се претстави КЛИМЕНТ КУЗМАНОСКИ кој во првата борба со атрактивни удари го натера противникот од Чешка да ја откаже борбата,МАРИО КРСТЕСКИ кој демострира одлична техника  во неговите борби

-ќе го паметиме по тоа што лани на овај турнир имавме нокаутер на 13 години со вртен удар –АНТОНИО  ЈАНЕСКИ, а оваа година истотака имаме нокаутер на 13 години, одличниот БОЖИДАР ДИМИТРИЕВИЌ кој се запиша во листата на нокаутери , но оваа година со два нокаути со вртен удар, и кој е најзаслужен за пласманот нашата екипа деца до 14 година до финале, кој ниту една борба не изгуби екипно.

Дефинитивно можеме да кажеме дека она овај турнир најдобри беа БОЖИДАР ДИМИТРИЕВИЌ и ЈАНЕ ДИМОВ

И наравно за сите овие незаборавни моменти на радост кои вечно се паметат  е најзаслужен  нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој секогаш стои зад нас и ни  помага да доживееме незаборавни моменти, и да ја претсатвиме нашата држава  МАКЕДОНИЈА во најубаво светло.