Антонио Валенсија стави потпис на нов договор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Валенсија официјално го потврди договорот со Јунајтед.

Овој 31-годишен играч го продолжи договорот на уште една година, па така сега е врзан со Јунајтед до 2019-та година.

„Јунајтед е мој живот од 2009 година и многу сум среќен што потпишав договор. Задоволен сум и поради тоа што во средата ја освоивме Европската лига, затоа што тоа беше единствен трофеј кој му недостигаше на клубот.“

„Сакам да им се заблагодарам на сите за довербата и се надевам дека во иднина ќе имаме уште среќни моменти.“

Валенсија пред доаѓањето во Јунајтед во 2009-та година, играше и за Виган, Виљареа, Рекреативо и некои клубови во Еквадор.