„Одлично е да се биде на пол позиција“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Раиконен дојде до првата пол позиција пред ГН на Монако во Монте Карло.

Тоа што е интересно е тоа дека ова е негова прва пол позиција по 2008-та година. Од тогаш поминаа 128 трки.

„Одлично е да се биде на пол позиција. Ова е патека која можеби е најважно да бидете напред. Половина работа е завршена, а ни останува уште половина. Засега е добро, среќен сум со болидот. Монако е посебно место, но овде е многу тешко да ги донесете работите на место на кое што сакате.“

„Направивме се како што треба, тимот во вистинско време ме испрати на патеката и се надевам дека утре ќе направам добар резултат за двата болиди. Ќе дадеме се од себе, но нема да биде лесно.“

Трката се вози од 14:00 часот.