Бразилец на проба во Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матеус Лима Круз, напаѓач од Бразил се наоѓа на проба во редовите на Вардар.

Напаѓачот од денес се приклучи на тренинзите на Вардар на подготовките во Австрија.

24 годишниот Лима минатата сезона ја поминал во Сантос, а во минатото настапувал и за албанскиот Кукеши, како и за бразилските тимови Операрио, Лувердензе, Гуарани, Спорт Ресифе, Спорт Баруери  и Гремио Баруери.

Лима ќе добие шанса во тимот на Вардар за време на пријателските натпревари.