Започна третото издание на ракометниот камп на Кире Лазаров


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во хотелот „Аквалина“ во Охрид започна третото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“.

Кампот во Охрид на кој учество ќе земат околу 300 учесници ќе се одржи во две смени, од 20 јуни до 2 јули 2017 година.

Нашиот најдобар ракометар истакна дека му е драго што од година во година кампот добива на интерес.

„ Мене ми е драго што од година во година интересот е се поголем. Нашето искуство кое го акумулираме со години ни дава една нова сигурност и право да бидеме уште поквалитетни и во делот на организација и во оној спортски дел, каде се подобруваме од година во година. Мислам дека имаме фатено ред и дека сѐ се одвива како што треба.

Имаме едно прекрасно место за тренирање, Охрид, кое не би го менувале за ништо. Прекрасни услови кои можеме да им ги понудиме на децата за тие да се чувствуваат како дома. Од една страна да тренираат ракомет од најдобрите во нашата држава, да бидат блиску до своите идоли, а од другата страна е нашата цел да ги едуцираме и да им дадеме правилна насока како да ги насочиме правилно да се насочуваат, затоа што мислам дека во нивната возраст тоа е важно и пресудно.“- коментираше Лазаров во интервју за локалниот портал, „Охрид 24“.

На кампот покрај учесници од Македонија ќе има ракометари и од десетина други земји од регионот.