Вардар поразен од Марибор на вториот контролен натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вардар претрпе минимален пораз (1:0) од шампионот на Словенија, Марибор на подготовките во Австрија.

Победникот го реши „несудениот“ вардарец, Мешановиќ кој во 42 минута со убав удар го матираше Гачевски.

Вардарци имаа неколку шанси преку Блажевски, Џигаури и Којашевиќ но мрежата на голманот Хандановиќ остана недопрена.

Вардар натпреварот против Марибор го одигра во следниот состав:

Гачевски (46’ Пачовски), Хамбарџумјан (46’ Глишиќ), Грнчаров (71’ Сточевски), Новак, Брдаровски (71’ Тодороски), Спировски (71’ Колевски), Глигоров, Којашевиќ (46’ Исени), Блажевски (46’ Џигаури), Барсегјан (63’ Стојков), Лима (46’ Боарето).