Ливерпул во преговори за Робертсон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул започнал преговори со Хал Сити околу трансфер на дефанзивецот, Енди Робертсон.

Како што дознава „Скај Спортс“ Робертсон се вратил во Англија од претсезонската турнеа која Хал ја извршува во Португалија за да го договори трансферот со Ливерпул.

Како што пишуваат медиумите во Англија трансферот за одбранбениот играч на „Тигрите“ ќе изнесува околу 10 милиони фунти.

Левиот бек минатата сезона за Хал одигра вкупно 39 натпревари и успеа да постигне еден гол.