Вардар со пресврт до долго европско лето (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар прв пат по подолго време ќе го почувствува третото квалификациско коло во Лигата на Шампионите откако со 3:1 славеше против Малме на стадионот „Младост“ во Струмица.

Вардарци иако имаа негатива по првото полувреме откако Малме со голот на Розенберг стигна до водство собраа сили и одиграа перфектно второ полувреме кое им донесе и пласман во следната фаза каде ќе игра против уште еден скандинавски противник, дански Копенхаген

Пресвртот го најави Бобан Грнчаров во 56 минута кога со глава го матираше Виланд. Само пет минути подоцна Барсегјан по нереализираниот пенал на Фелипе зголеми на 2:1. Во 91 минута Бобан Николов го постави конечниот резултат и го трасираше патот на вардарци кон следното коло.

Ова е прв пат македонски тим да обезбеди пласман во следното коло по 2006 година кога Работнички го мина Сконто и затоа претставува голем успех за нашиот фудбал.