Видео: Новиот Милан на дело, здробен големиот Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Виченцо Монтела им покажаа и на најголемите скептици дека ќе играат значајна улога следната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал по убедливата победа над Баерн Минхен со 4:0.

На пријателскиот натпревар одигран во Кина се беше решено многу рано, во 14. минута Родригез и Нијанг одиграа двоен пас на левата страна, а топката се одби до Кеси кој го постигна својот прв гол за Милан по доаѓањето од Аталанта.

Десет минути подоцна младиот Патрик Кутроне скокна по една нафрлена топка и со глава постигна убав погодок за 2:0.

Неколку минути пред крајот на првиот дел „Росонерите“ истрчаа одлична контра и повторно преку младиот Кутроне ја погодија мрежата на Баерн Минхен за високи 3:0.

Последниот гол за Милан го постигна уште еден новајлија во тимот. Хакан Чалханоглу од 18 метри постигна одличен гол и стави точка на натпреварот.

За тимот на Милан свое деби имаше и најголемото засилување Леонардо Бонучи кој во 63. минута влезе во игра на местото на Запата.

Интересен е фактот што за сите тројца стрелци на натпреварот ова беа први погодоци за тимот на Милан.