Вардар прекомандува тројца играчи од вториот тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар го освежи својот играчки кадар со тројца ракометари од екипата на Вардар Јуниор.

Во иднина со првиот тим ќе тренираат голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Мартин Поповски како и бекот Тоше Ончев.

Ракометарите веќе ги започнаа подготовките и деновиве ќе останат во Скопје каде ќе бидат извршени и неопходните медицински прегледи.

„Голема чест е да се тренира со овој тим на Вардар и да се учи од најдобрите. Се трудиме да работиме максимално, да „украдам” нешто плус од најдобриот голман во ЛШ. За разлика до лани кога играв во Вардар јуниор сега се посериозни тренинзите, можам, и очекувам да напредувам. Верувам ќе добијам и повеќе шанса за докажување. Знам дека ќе биде тешко, но подготвен сум на сѐ. Повеќе ќе треба психички да се одговори на задачите, но имам поддршка од колегите и верувам брзо ќе се вклопам“- истакна Даниел Ѓорѓески.