Јаневски: Резултатот од првиот натпревар за нас не значи ништо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Nовиот кормилар на екипата на Вардар, Чеде Јаневски на прес конференцијата пред натпреварот со Фенербахче ги искажа своите очекувања пред утрешниот натпревар.

Чаневски вели дека на теренот тимот ќе истрча како да нема предност од првиот натпревар во Скопје.

„Дојдовме тука во Истанбул да се надигруваме со голем противник. Знаеме дека не очекува тежок натпревар и покрај тоа што резултатот од Скопје 2:0 е добар и позитивен за нас. За нас тој не значи ништо, и ние почнуваме како да немаме никаква предност. Така мораме да се однесуваме бидејќи знаеме за квалитетите на нашиот противник, кој што има големо искуство и кој има во своите редови играчи кои може да го решат натпреварот. Но доаѓаме тука со предност, и таа предност ќе треба да ни дава една позитивна енергија. Знаеме дека утре трибините ќе бидат исполнети и ќе играме пред полн стадион. Од овие неколку денови колку што сме заедно, знам дека играчите ќе дадат сè од себе за резултат кој што ќе не однесе понатаму. Предноста не е никаква гаранција дека ќе одиме сигурно во следната фаза. Само ни дава сигурност кога ќе почне овој натпревар, да одиграме тимски и организирано. Само со таа идеја можеме да стигнеме до посакуваната цел“ –изјави Јаневски.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар на програмата е утре со почеток од 19:30 часот.