Ристовски ќе игра во ЛШ, Карабах приреди изненадување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Спортинг Лисабон каде од ова лето нов член е и нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Шампионите по убедливиот триумф против Стеауа во Романија.

Португалците со 5:1 славеа на гостувањето во Букурешт и со тоа го трасираа патот кон најелитното натпреварување на стариот континент.

Карабах направи историски успех со пласманот во групната фаза откако беа подобри во двомечот против „џелатот“ на Вардар, Копенхаген. Натпреварот во Данска заврши со победа за домаќините од 2:1, но поради победата без примен гол од 1:0 на првиот натпревар, тимот од Азербејџан се пласираше во Лигата на Шампионите.

Англија оваа сезона ќе има пет претставници во Лигата на Шампионите откако Ливерпул уште еднаш го надигра Хофенхајм. Избраниците на Јирген Клоп со 4:2 славеа на „Енфилд“ против германскиот претставник.

ЦСКА Москва со 2:0 славеше над Јанг Бојс на домашен терен и со втората победа во овој двомеч си го трасираше патот кон европската елита.