Ристовски вклучен во составот на Спортинг за групната фаза од ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец и нов член на екипата на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски е вклучен во составот на екипата од Португалија за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Ристовски се најде меѓу 25те играчи селектирани за најелитното натпреварување во Европа. Нашиот репрезентативец се уште го чека своето официјално деби за клубот кој минатата сезона заврши на третата позиција во Португалската лига.

Десниот бек одигра одличен натпревар за репрезентацијата на Македонија во победата над Израел со 1:0.