Мурињо потврди дека против Базел ќе има нов стоперски тандем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хозе Мурињо потврди дека Крис Смолинг и Виктор Линделоф ќе стартуваат на натпреварот што Манчестер Јунајтед ќе го одигра против Базел во рамките од Лигата на Шампионите.

Ерик Бејли и Фил Џонс кои ги започнаа сите четири натпревари во Премиер Лигата се суспендирани за натпреварот против Базел.

„Џонс игра добро за нас. Тој веројатно е уморен со двата настапи за националниот тим, а тоа што нема да игра во вторник ќе значи дека ќе добие одмор кој ќе му биде добредојден. Ова е одлична шанса за Смолинг и Линделоф да играат во натпревар од Лигата на Шампионите“- коментираше Мурињо.

Смолинг и Линделоф за прв пат ќе стартуваат за Манчестер Јунајтед по натпреварот кој го одиграа против Реал Мадрид во Скопје во рамките од УЕФА Супер куп финалето.