Виљареал славеше против Астана, победа запиша и Славија Прага!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во групата А фаворитите Виљареал и Славија Прага славија против Астана, односно Макаби Тел Авив.

Виљареал поведе уште во 16тата минута со гол на Сансоне и заминаа со водство на пауза. Екипата од Казакстан им врати во 68мата минута со гол на Логвиненко, но брзо реагираа Виљареал, после само 5 минути игра Бакамбу постигна одличен погодок за водство, а конечната победа ја донесе Черјешев во 78мата минута.

Во Прага, Славија забележи минимална победа против Макаби од Тел Авив со 1:0 и тоа погодокот на Нецид во 12тата минута од натпреварот.