Касано го кажа своето мислење за тоа кој ќе го освои скудетото!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер фантастично ја започна сезоната во Серија А, имаат 4 победи од 4 натпревари, баш како Јувентус и Наполи и имаат примено само еден погодок.

Вечерва и гостуваат на Болоња и ќе биде тоа нова шанса за бодови.

За шансите на Интер за титула зборуваше и Антонио Касано.

„Скудето? Интер освојува. Спалети е неверојатен тренер“ – изјави Касано.

Касано уште го коментираше и Дибала и неговите одлични партии во дресот на Јувентус, но истакна дека не вреди да се споредува со Меси.

„Никогаш нема да биде како Меси. Меси е најдобриот играч на сите времиња. Единствено само Роналдо може да му се доближи со квалитет. Не се тие за споредба“ – вели Касано.