Теквондистите Божидар Димитиревиќ и Елена Јанеска со злато од „Бугарија Опен 2017“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид изминатиот викенд учествуваше на најтешкиот А класа меѓународен теквондо ИТФ турнир во Благоевград „Бугарија опен 2017”. Свое учество на турнирот зедоа околу 500 натпреварувачи од 56 клубови од 17 земји од Европа.

Охридскиот теквондо клуб беше претставен со 9 натпреварувачи кои учествуваа во спаринг-борби поединечно, но како што појаснува тренерот Марјанчо Лазаревски, поради немање на доволен број натпреварувачи и поради повреда на некој од натпреварувачите не можело да се состави тим за екипно натпреварување и од тие причини биле позајмени Божидар Димитриевиќ и Елена Јанеска во други екипи.

Елена Јанеска настапи за екипата од Словенија и таа е една од најзаслужните што нивната екипа се искачи највисоко на пиедесталот и со тоа се закити со златен медал екипно.

„Божидар Димитриевиќ настапи за екипата од клубот Асеновец, на маестрален начин ги совлада сите негови противници без ниту еден пораз и со атрактивни техники го однесе тимот на Асеновец до финале. Во финалната борба против тимот на домаќините, противникот ја предаде борбата, додека другите натпреварувачи од тимот на Божидар дадоа се од себе, но победија за жал судиите и првото место му го дадоа на домашната екипа. Сепак, за екипата од Асеновец и за публиката Божидар Димитриевиќ беше нивниот херој, што сите громогласно навиваа за него“, вели Лазаревски.

Севкупно, тимот на ХВА РАНГ од турнирот се врати со 5 медали.

Освојувачи на медали се:

Божидар Димитриевиќ

-1 место злато –спаринг борби деца 12-13 години +65 кг.
-2 место сребро -спаринг екипно

Елена Јанеска
-3 место бронза –спаринг борби девојчиња 10-11 години -55 кг.
-1 место злато -спаринг екипно

Христијан Митрески
-2 место сребро –спаринг борби јуниори 14-15 години -70 кг.

Од Хва Ранг ИТФ упатуваат огромна благодарност за генералниот спонзор на клубот „ПН Метал“ кој и овој пат беше најзаслужен за нивниот огромен успех.