Гонзалез го објави поширокиот список за Европското првенство во Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез денеска го објави поширокиот список на кој има 28 ракометари на кои ќе смета за Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска.

Нашата репрезентација е во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе ги игра во Загреб.

Список на ракометари повикани за ЕП во Хрватска:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски