Мура беше почетокот! Следува распродажба, па уште два фудбалери може да си ги „пакуваат куферите“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасен е планот, а тоа е да се остане во границите на ФФП. За Ди Марија немаат понуда, но овие два фудбалери би требало да го напуштат тимот.

И понатаму трае неизвесноста за трансферот на Мура. Бразилецот се договори со Јунајтед, но ПСЖ не сака да го испрати на позајмица со право на откуп, туку ги сака парите веднаш.

Во Бразил немаат дилеми дека овој фудбалер ќе игра во Јунајтед, но кога станува збор за ПСЖ, тогаш по се изгледа дека ова е почетокот.

Медиумите пишуваат дека ПСЖ ќе мора да продаде уште два фудбалери. На продажба треба да бидат Пасторе и Гуедеш.

Првиот демантираше дека барал да замине, а го сака Интер, но сеуште не е позната неговата иднина, затоа што за него заинтересиран е и Атлетико.

Друг фудбалер кој ПСЖ сака да го продаде е Гуедеш кој е на позајмица во Валенсија, каде што игра одлично, па Валенсија сака да го откупи.

Со овие продажби, ПСЖ би требало да собере повеќе од 80 милиони евра и да остане во границите на ФФП.