Перез не се откажува: Итар план за да ја украде ѕвездата на лутиот ривал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Гризман на крајот на оваа сезона по се изгледа ќе го напушти Атлетико Мадрид, а интерес за него покажаа неколку европски гиганти.

Минатото лето Гризман се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но тој трансфер на крајот пропадна затоа што Французинот не сакаше да го остави Атлетико „ранлив“ по суспензијата за купување на нови играчи. Во Атлетико тоа знаат да го почитуваат затоа што му кажаа дека Гризман може да замине во лето за 100 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид се вклучил во борба за неговиот потпис, а Перез го гледа како замена за Бензема кој постигна само два голови во досегашниот дел од првенството.

Претседателот на „кралскиот клуб“ сака во наредното лето да ја активира клаузулата на Гризман, а по се изгледа Барселона нема да им стои на патот откако вчера објавија дека не се заинтересирани за Гризман.