ВТА Дубаи: Вајлд карта за Марија Шарапова!

0

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе игра на турнирот во Дубаи, кој стартува на 12 февруари затоа што од страна на организаторите на турнирот доби специјална покана.

За Русинката ова ќе биде втор нејзин настап во Дубаи. Претходно таму се натпреваруваше во далечната 2006 година, кога како 18-годишна девојка стигна до финалето, во кое беше поразена од Белгијката Жастин Енан.

Во првиот дел од сезоната, моментално 41 тенисерка во светот ќе игра и на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Мадрид, Рим и Ролан Гарос, а потоа и во Бирмингем и на Вимблдон,

На неодамна завршениот Австралија Опен, Шарапова успеа да стигне до второто коло каде што испадна од Германката Анџелика Кербер.

Share.