Ултиматум за Конте: Отказ би можел да добие уште во понеделник?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако во понеделник Челси не го победи Вотфорд, Конте би можел да добие отказ.

Скоро сигурно е дека италијанецот ќе замине во лето, но според пишувањето на медиумите, тоа би можело да се случи и утре.

Челси во последните десет денови доживеа два порази, прво испадна од лига купот со 2-1 од Арсенал, а потоа во ПЛ беше поразен на домашен терен против Бурнмут со 0-3, па сега мора да победат против Вотфорд во понеделник.

Така тие се простија од уште еден трофеј и ја зголемија негативата зад Сити на 19 бодови додека четврто место го држат со два бодови повеќе од Тотенхем.

Конте веќе долго време ја критикува трансфер политиката на клубот, односно Абрамович. Па тоа незадоволство им се здосади на сите и не би било чудно ако го напушти Челси уште во понеделник.