Интер продава тројца од најдобрите играчи, а познато е едно засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер и понатаму има предност пред Рома во борба за четврто место, а се претпоставува дека овие два тимови ќе се борат за место во ЛШ.

Според „Кориере дело Спорт“, Интер донел одлука да го продаде Икарди за 110 милиони евра.

Замената му е најдена, наводно Лаутаро Мартинез ќе биде нов играч на Интер во иднина.

Интер ќе го продаде и Шкринар, ако за Словакот стигне понуда од 50 милиони евра, а него го сакаа големи клубови во минатото.

Со тие 160 милиони евра тимот ќе биде реновиран, а освен Мартинез, Интер најверојатно ќе се обиде да го донесе и Пасторе во Италија.

Трет играч, кој би можел да замине е Перишиќ затоа што игра многу послабо од минатите сезони, нервозен е и на моменти незаинтересиран, па Интер би можел да добие 45 милиони евра за него.

Во секој случај, не очекува бурно лето и најверојатно големи промени во Милано.