Венгер: На Вембли не сме гости!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека од Хари Кејн нема подобар напаѓач во Европа, но тој им верува на своите играчи пред натпреварот против Тотенхем.

„Треба составот да биде сличен како тој против Евертон. Можеби Велбек ќе се врати. Не сум сигурен дека Чех ќе биде на голот, затоа што не тренираше. Одлуката ќе ја донесеме во петок. Нема ништо да разикувам затоа што му верувам на Оспина“

Тотенхме е петти на табелата со четири бодови повеќе од Арсенал.

„Мораме да најдеме рамнотежа помеѓу рационалното и емотивното. Не смееме да дозволиме да не победат емоциите, иако дербито поинаку се доживува. Кога ќе ја погледнете табелата, сфаќате дека тоа за нас е многу важен натпревар. Сакам да кажам дека нема да чувствуваме дека сме гости на Вембли“, вели Венгер.