Нова војна на Мурињо и Гвардиола, овој пат за дефанзивец од 50 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед и Манчестер сити летово ќе водат нова битка на фудбалскиот пазар.

Според медиумите, Мурињо и Гвардиола им наредиле на своите скаути до крајот на сезоната да го следат стоперот на Лестер, Хари Мегвајер.

Неговата цена е проценета на 50 милиони фунти, а тоа нема да претставува проблем за клубовите од Манчестер.

Гвардиола е свесен дека има силна одбрана со доаѓањето на Лапорт, а од друга страна Мурињо исто така има доволно стопери, но не се знае кој ќе остане во лето.