Марез: Зборуваа за мене лошо, тие што ги сметав за пријатели!

0

Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез се огласи откако штрајкуваше во Лестер.

Марез беше блиску до Сити, но тој трансфер не се реализираше затоа што Лестер бараше повеќе од 100 милиони евра, па поради тоа Алжирецот исчезна од тренинг.

„Минатите десет денови многу луѓе, кои ги сметам за пријатели, зборуваа за мене, за работите кои не ги знаат. Сакам да објаснам дека тие претпоставки се целосна лага. Лестер цело време знаеше каде сум и што мислам. Бев дел од тимот, кој направи големи успеси, кој влезе во ПЛ, па ја освои титулата. Мојата цел останува иста, да давам 100% кога играм за клубот“, вели Марез.

Share.