Алегри: Му симнувам капа на Кејн, но Игуаин е подобар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Алегри оддржа конференција за медиумите на која зборуваше за мечот против Тотенхем.

Алегри кажа дека го почитува Тотенхем како екипа, но дека целта на неговиот состав е да се пласира во четвртфинале на ЛШ.

„Основна цел ни е да не примиме гол. Го имаме Буфон, кој на сите може да ни биде пример дека треба да се трудите во овој спорт, вредно да работите и да напредувате без оглед на годините. Кејн е најдобар во Тотенхем, не само поради головите кои ги постигнува, туку и поради тоа што се поврзува одлично со остатокот од екипата. Но ако морам да бирам помеѓу Кејн и Игуаин, би го одбрал Игуаин затоа што е подобар“, вели Алегри.